Мицкоски бара избори до крајот на мај
Според претходните најави од власта деновиве се очекува да стартуваат партиските консултации за уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот без кои Македонија нема да може да ги стартува преговорите за членство во ЕУ. Но наместо поддршка за уставните измени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и натаму оценува дека оваа 2023 треба да биде изборна година.
Во интервју за Вечер, Мицкоски оценува дека изборите би се одржале најдоцна до крајот мај, а тие се неопходни бидејќи сите анкети на јавното мислење покажуваат дека граѓаните бараат избори и промена на власта.
„За тоа да се случи потребно е во јануари да имаме политички и општествен консензус, а веќе во февруари техничка влада. Потоа влегуваме во два периода кои што се поврзани со големи верски празници, тоа се Рамазан и Велигден. По завршување на овие големи верски празници да отпочне процесот на кампања, тоа би значело изборите да се одржат до крајот на мај. За ова потребен е политички консензус бидејќи општествениот и граѓанскиот постојат, а тоа може да се види на сите анкети многу јасно. Граѓаните велат дека оваа влада е неуспешна, ја води Македонија во погрешна насока и дека оваа влада треба да си замине, кажа Мицкоски.
Во истото интервју Мицкоски оценува и дека неговата партија на овие избори ќе освои огромно мнозинство од гласовите на граѓаните без разлика дали СДСМ и ДУИ ќе насташат како коалиција.
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори