Loading Video...
Спорт плус
24. јуни 2018 - 18:54

МИ: Злато за Јакупи, бронза за Арсовски

Одличен настап и златен медал на македонскиот карате репрезентативец Берат Јакупи на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија. Бронзен медал освои  Жарко Арсовски .

Јакупи  го освои златниот медал со триумф во финалето над францускиот каратист Жеси да Коста. Претходно беше совладан претставникот  на  БиХ, Мерис Муховиќ. во второто коло  Италијанецот Микеле Мартина,  и во полуфиналето  србинот Дејан Цвркота.

Со овој настап  Берат Јакупи најави  одлични резултати во однос на претстојните Олимписки игри Токио 2020.

Со медал се закити и Жарко Арсовски кој во мечот за третото место  беше подобар со судиска одлука од Италијанецот Симоне  Марино.