Loading Video...
Ф1
1. August 2020 - 16:50

Мерцедесите старт ќе стартува од првиот ред на британското Гранд-при

Мерцедесите старт ќе стартува од првиот ред на британското Гранд-при
 
 
Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе стартуваат од првиот ред на утрешната четврта трка во Формула 1 шампионатот. 
 
Актуелниот светски првак Луис Хамилтон и по трет пат во низа сезонава ќе ја има пол-позицијата. 
 
На домашен терен, Британецот, оствари најдобро време во денешните квалификации на патеката Силверстон каде утре ќе се вози трката за Големата награда на Велика Британија, оставајќи го зад себе тимскиот колега Валтери Ботас, кој пак ја имаше пол-позицијата на првото овосезонско Гранд-при во Австрија. 
 
Од вториот стартен ред, утрешната трка ќе ја започнат Макс Верстапен од Ред Бул и Чарс Леклерс на Ферари, додека зад нив во третиот стартен ред ќе бидат пилотот на Мекларен, Норис и Канаѓанецот, Строл од тимот на Рејсинг Поинт. 
 
Потсетување дека на изминатите три трки, победуваше оној возач кој ја имаше пол-позицијата, односно Ботас во Австрија, а потоа Хамилтон на истата патека, а потоа и на унгарското Гранд-при. 

арија.