Меѓународна безбедносна конференција за менаџирање со кризни ситуации
Полициски експерти од областа на безбедноста од државите во регионот и претставници на академската заедница учествуваат на Меѓународната конференција „Менаџмент и преговори во кризни ситуации“ што во организација на Бирото за јавна безбедност и на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија од денеска се одржува во Охрид.
Целта на собирот е преку размена на искуства на регионално и меѓународно ниво да се направи спој на теоријата и практиката во конкретната проблематика на полициско работење.
- Сето тоа е во контекст на напорите што МВР на РМ ги спроведува во насока на зајакнување на своите капацитети за справување со сите видови на кризни ситуации, притоа имајќи ги предвид сложените безбедносни закани со кои се соочува, не само Македонија и регионот, туку и Европа и светот во целина, рече директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.
Како најголеми закани по безбедноста тој ги посочи променливите форми на насилен екстремизам, тероризам, исламски фундаментализам, прашања поврзани со странски борци и ситуации и состојби специфични за секоја од државите посебно.
- Во тој контекст МВР вложи значителни напори во насока на зајакнување на своите капацитети, меѓу кои формирање тим за преговори во кризни и сложени ситуации. Тој тим веќе е етаблиран, со искусни преговарачи кои веќе се и обучувачи на национално и меѓународно ниво, рече Чавков.
Интенција на МВР е капацитетите да ги развива и на регионално ниво, преку стандардизирање на оперативните процедури, организациски форми на донесување одлуки и координација во рамки на МВР.
- Рационално и целисходно е и на регионално ниво да се развиваат капацитети за преговори во кризни ситуации. Покрај постоечките осум регионални сектори за внатрешни работи, идна цел ќе ни биде изградбата регионални центри за гранична полиција, со што практично сите сегменти во рамки на МВР ќе бидат дел од такви регионални капацитети, истакна Чавков.
Тимови на МВР од 2004 година се обучуваат во соработка со партнерски служби, и тоа преку обуки во Унгарија во рамки на Тренинг – центарот на САД, со националните полициски служби на Унгарија, Франција, Австрија, Сојузна Република Германија...
Што се однесува на актуелната безбедносна ситуација во регионот, Чавков истакна дека безбедносната ситуација во Македонија е стабилна, но реални се заканите и предизвиците со кои се соочуваат сите држави од регионот и Европа.
- Променливите форми на ризици сами по себе содржат загрижувачки потенцијал за загрозување, што треба внимателно и систематски да се следи, анализира, превенира и сузбива, истакна Чавков.
Самир Мирвиќ од Дирекцијата за координација на полициските тела на Босна и Херцеговина забележа дека сите држави од регионот се соочуваат со потенцијална безбедносна закана што произлегува од враќањето на лицата кои војувале на странски боишта во државите од каде потекнуваат.
- Тие претставуваат потенцијална безбедносна закана. Ние во рамки на меѓународните безбедосни институции, интензивно во рамки на Интерпол, Европол, СЕЛЕК, постојано разменуваме информации за тие луѓе и преземаме непоходни мерки за справување со тој вид закани. Доволен е и мал инцидент да предизвика дестабилизација, а потенцијална опасност од такви несакани појави секако дека постои, истакна Мирвиќ.
Ново на Сител
-
Кривична за сопственик на фирма, работник без работна дозвола се заглавил во работна машина и починал
-
Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец
-
ОЈО отвори истрага против 21-годишен скопјанец, во претрес на таванска просторија во зградата каде живеел пронајдена дрога и оружје
-
Малолетник нападнат од неколку лица на автобуска станица во Центар
-
Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан
-
Бесент: Мислам дека Путин е воен злосторник, но со него треба да преговараме
-
Чешкиот претседател ги гледа истите елементи во денешниот свет што ја предизвикаа Втората светска војна
-
Директор на „Колекторски систем“ во Охрид го оштетил претпријатието за скоро 3 милиони денари