Меѓу две и три илјади бегалци чекаат на српско-хравтската граница
Во местото Товарник, на хрватската страна од границата со Србија, се наоѓаат меѓу две и три илјади бегалци од Блискиот Исток, кои стрпливо чекаат да бидат пренесени на некоја дестинација од каде би го продолжиле патот кон западноевропските земји, јави Танјуг.
Бегалците кои од Србија влегуваат во Хрватска, хрватските власти потоа ги првезуваат со автобуси до локации, кои се чуваат во тајност и кои не сака никој официјално да ги обелодени. Според српската агенција, ниту возачите на автобусите наводно до самото поаѓање не знаат во кој правец треба да возат.
Бегалците мирно чекаат по неколу часа во редица долга околу 200 метри за да се качат на автобусите. На бегалциите им помагаат волонтери на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР), на организацијата „Лекајри без граници“, како и на групата „СОС конвој“ од Виена, кои се организирале преку Фејсбук.
На местото на кое се наоѓаат бегалците стациониран е и медицински тим, од три лекари и две сестри, кои од изутринава имале околу 70 интервенции, кои воглавно се однесуваат на санирање на рани здобиени од долгото пешачење, исекотини и гребаници или поради респираторни проблеми, пред се кај децата.
Ново на Сител
-
Сообраќајка помеѓу камион и автомобил - пет лица повредени
-
По синот на Заев и 18-годишниот син на Венко Филипче отвори сопствен бизнис
-
Марко Чадеж награден за придонес во развојот на регионалната соработка
-
Серија земјотреси почувствувани во Албанија
-
Најмалку шестмина загинати во последните руски напади врз Украина
-
СУТКОЗ: Вината не е кај вработените во комунално, нема доволно камиони за собирање ѓубре, платите доцнат, раководството да одговара
-
Русија побарала од МААЕ да помогне во прекин на огнот поради нуклеарната централа Запорожје
-
Голема полициска акција во Србија против криминалци на повеќе од 30 локации низ државата