Најмалку шестмина загинати во последните руски напади врз Украина
Најмалку шест лица загинаа, од кои две деца, а 17 се повредени во последните руски напади врз Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој истакна дека „обични градови беа под оган, првенствено енергетската инфраструктура, но погодени се и многу станбени згради“. Зеленски информира дека како резултат на нападите имало пожари во Запорожје и Киев, а нападнати биле и регионите Киев, Одеса, Чернихив, Дњепар, Кировоград, Полтава, Виница, Запорожје, Черкаси и Суми.
-Уште една ноќ докажува дека Русија не чувствува доволен притисок … Руските зборови за дипломатија не значат ништо сè додека руското раководство не почувствува критични проблеми. А тоа може да се обезбеди само преку санкции, опрема за долг дострел и координирана дипломатија меѓу сите наши партнери. Крајно време е Европската унија да усвои силен пакет санкции. Исто така, сметаме на силни санкциони мерки од САД и Г7, од сите оние кои бараат мир. Многу е важно светот да не молчи сега и да има обединет одговор на подмолните напади на Русија, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој нагласи дека сите кои сега ѝ помагаат на Украина со системи за противвоздушна одбрана и ракети за нив, спасуваат животи. Благодарни сме за тоа.
-И секој што ѝ помага на Украина со опрема за долг дострел ќе го доближи крајот на војната, додаде Зеленски.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека во руските напади врз главниот град и околината загинале две лица. Повредени се повеќе лица од кои четворица возрасни и три дека во моментов се хоспитализирани.
МИА
Ново на Сител
-
Најмалку шестмина загинати во последните руски напади врз Украина
-
СУТКОЗ: Вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки кои им стојат на располагање
-
Русија побарала од МААЕ да помогне во прекин на огнот поради нуклеарната централа Запорожје
-
Голема полициска акција во Србија против криминалци на повеќе од 30 локации низ државата
-
Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје
-
Промоција на Водич за декарбонизација за мали и средни претпријатија во земјава
-
Трамп за самитот со Путин: Не сакам да имам залуден состанок
-
Без струја повеќе делови од Скопје