-->
-->
Русија побарала од МААЕ да помогне во прекин на огнот поради нуклеарната централа Запорожје
-->
Русија побара од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) помош во воспоставување прекин на огнот со цел да се обнови надворешното напојување на нуклеарната централа Запорожје, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
-Нападот на украинските вооружени сили на 23 септември го оштети далноводот Дњепровскаја, кој ја напојува нуклеарната централа Запорожје со надворешно напојување. И покрај тоа што реакторите на централата се во режим на ладно запирање, надворешното напојување е неопходно за нејзино безбедно функционирање – соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Министерството напомена дека од 23 септември сопственото напојување на нуклеарната централа Запорожје се обезбедува со резервни дизел генератори.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со 2,05 промили алкохол во крвта возел „мерцедес“ низ Кавадарци
-
Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест, од 28-ми најавуваат активирање на одлуката за штрајк
-
Истрага за злоупотреби во прилепската болница, осомничени 32 лица
-
Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Париз
-
Тасевски: ССКЛ има право и овластување да организира штрајк
-
Вучиќ: Пред Народното собрание се случи тежок терористички чин
-
Претреси во Скопје поради сомнение за лихварство и перење пари
-
Вонредно обраќање на Вучиќ по пожарот пред Собранието на Србија