Без струја повеќе делови од Скопје
Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од неколку населби во градот Скопје и од околните населени места.
-Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја че бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче ( општина Аеродром), од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај. ( општина Сарај ), а од 08.30 до 16.00 часот, корисниците на области од Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава ( општина Студеничани ).
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот ќе останат бвез струја и корисниците од бул. Борис Трајковски лоцирани од раскрсницата со патот кон Лисиче према Охис, ул. 1523, кон Драчево од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на Циле Инжинеринг и Интеграф (општина Кисела Вода), во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули лоцирани околу српската амбасада (општина Центар), од 09.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. Пијанец.( општина Карпош ) и во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците на блокот згради лоцирани на потегот од бул. Партизански Одреди бр. 17 кон ул. Максим Горки. (општина Центар).
МИА
Ново на Сител
-
Промоција на Водич за декарбонизација за мали и средни претпријатија во земјава
-
Трамп за самитот со Путин: Не сакам да имам залуден состанок
-
Без струја повеќе делови од Скопје
-
Русија го нападна Киев со балистички проектили
-
Силен земјотрес во Костарика
-
Загина припадник на српска падобранска единица при вежби во Ниш
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Голема акција во прилепската болница: Повеќе лица на раководни позиции приведени поради сомнежи за злоупотреби