СУТКОЗ: Вината не е кај вработените во комунално, нема доволно камиони за собирање ѓубре, платите доцнат, раководството да одговара
СУТКОЗ - единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности и ССМ ја известуваат јавноста дека на 21.10.2025 година во 11:30 часот, Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Комунална хигиена Скопје, одржа состанок на кој се разговараше за состојбата во претпријатието, се наведува во соопштението од СУТКОЗ.
На состанокот беа поканети раководството на претпријатието, односно директорот на претпријатието (кој не дојде на состанокот) и Управниот одбор на претпријатието.
Досега неколку месеци на вработените во претпријатието платата им се исплаќа со задоцнување и покрај нашите сознанија дека на сметката на претпријатието, редовно од наплатата на сметките од граѓаните се префрлаат парични средства.
И покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за месец септември, сакаме да ја известиме јавноста дека вработените во претпријатието редовно ги извршуваат своите работни задачи со средствата кои им стојат на располагање, а истите се во недоволен број, односно има недостаток на камиони за собирање на смет, а за поголем број од нив нема резервни делови и не се во возна состојба.
За таквата ситуација вината не е кај вработените во претпријатието, кои вложуваат максимални напори да се собере сметот, туку кај раководството на претпријатието.
Вработените во претпријатието и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки против раководството на претпријатието кои им стојат на располагање, согласно Законите и Колективните договори (кривични пријави и пријави до Државниот инспекторат за труд), притоа водејќи сметка да не се доведе во прашање положбата или здравјето на ниту еден вработен во претпријатието, како и здравјето на граѓаните на град Скопје.
Ново на Сител
-
Улогата на Државна лотарија во развојот на спортот
-
Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“
-
УХМР: Следува облачно и дождливо време, во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни
-
Пукање и голем пожар во шаторите пред српскиот Парламент во Белград | ВИДЕО
-
Орбан: Подготовките за самитот Трамп – Путин во Будимпешта сè уште се во тек
-
Повеќе од 10 приведени за случајот со прилепската болница - во текот на денов треба да бидат спроведени во Судот
-
Лувр повторно отворен, три дена по грабежот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Според резултатите од локалните избори би освоиле 60 пратеници, СДС во некои ИЕ би била трета партија