Маж ја нападна полицијата пред Бакингемската палата
Британската полиција соопшти дека синоќа, маж (26) ја нападнал полицијата пред Бакингемската палата во центарот на Лондон, по што е упасен.
Двајца полицајци се здобиле со полесни повреди додека го апселе осомничениот.
- Маж кој поседувал нож бил запрен од страна на полицијата во 20.35 часот, по локално време, пред Бакингемската палата. При тоа двајца полицајци се повредени во пределот на раката, стои во соопштението на британската полиција.
Напаѓачот е уапсен врз основа на законот за тероризам.
Британските медиуми јавија дека, напаѓачот го паркирал својот автомобил во близина на полициските возила во зоната за ограничен пристап поред палатата. Полицијата во неговото возило забележала голем нож и тргнала кон него со цел да го упаси, при што двајцата полицајци биле нападнати.
За време на апсењето напаѓачот е повреден.
Детективите од командата на градската полиција за борба против тероризам спроведуваат истрага за инцидентот, наведе британската полиција.
Кралицата Елизабета Втора не била во палатата кога се случил инцидентот.
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил