Македонија
16. April 2016 - 9:50

Маврово дел од кајакарската тура „Да ги зачуваме балканските реки!”

Националниот парк „Маврово“ на 4 и 5 мај годинава ќе биде дел од кајакарската тура „Да ги зачуваме балканските реки!” што почнува денеска од реката Сава во Словенија.

Турата, чија цел е да се подигне свеста за убавината на реките и заканите со кои тие се соочуваат, ја предводи словенечкиот олимписки спортист Рок Розман. Во неа се вклучени кајакари од цела Европа кои треба да поминат низ 16 реки во шест балкански земји. Финишот е на Вјоса во Албанија, на 20 мај. 

Како дел од кампањата „Да го зачуваме синото срце на Европа“, кајакарската тура е координирана од меѓународните невладини организации EuroNatur и Riverwatch. Организацијата е во соработка со EuroNatur, Riverwatch, Leeway Collective и WWF Adria, а ја поддржаа Patagonia, Manfred-Hermsen-Stiftung и фондацијата MAVA.