Масовен глад се заканува на една третина жители на Јемен
На една третина од регионите во Јемен, со вкупно население од 10,4 милиони луѓе, му се заканува глад, изјави Фархан Хак, портпарол на генералниот секретар на ОН.
Според него, хуманитарната ситуација во државата се влошува заради конфликтот и ограничениот увоз на стоки неопходни за „преживување на јеменскиот народ“.
– Луѓето не знаат како да најдат храна што ги прави се повеќе подложни на болести, нагласи Хак.
Претставникот на ОН ја повика коалицијата предводена од Саудиска Арабија да не ги попречува испораките на хуманитарна помош и трговските пратки.
Од поништувањето на блокадата над Јемен, коалицијата дозволила во државата 116 тони храна и други неопходни стоки. Шест бродови не успеале да стигнат во пристаништата Ходејда и Ал Салиф бидејќи не добиле одобрение да влезат во територијалните води на Јемен, доаде Хак.
Ново на Сител
-
Урсула Фон дер Лајен на средби со македонскиот државен врв
-
Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
-
Власта цврсто дека нема предвремени избори, СДСМ вели: Знаат дека губат гласови
-
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица за политичкото рекламирање
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
-
Локални избори
-
Неврологот Игор Кузмановски ќе плати казна од 500 евра бидејќи работел без лиценца
-
Со млаки радијатори почна грејната сезона во Скопје