Маричиќ: Во пакет ќе ги решаваме прашањата за зголемувањето на платите на судиите и судските службеници
Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека во пакет ќе се решаваат прашањата за зголемувањето на платите на судиите и судските службеници.
Во гостувањето на Утрински брифинг, Маричиќ изјави дека секогаш инсистира во договарањето за покачување на платите на судиите и обвинителите, тоа да важи и за нивните службеници и дека ова прашање системски ќе се решава.
-Тоа се решава системски затоа што ние веќе го овозможивме тоа преку измени на подзаконски акти за додатоци за плата на судската полиција, ги донесовме сите потребни подзаконски акти за да може да добијат додатоци и судските службеници. Исто така, работиме на Законот за судска служба што ќе овозможи коефициенти и бодови за пристојни примања и тоа ќе оди се во еден пакет, рече министерот Маричиќ.
Ново на Сител
-
Четврти ден кампања за Локалните избори 2025
-
Во Скопје Дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025
-
„Еурактив“: Косовска лекција не учи зошто на Газа и е треба нешто повеќе од протекторат
-
Волстрит џурнал: САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија
-
Кошта: Мораме заеднички да се соочиме со заканите и да изградиме „Европа на одбраната“
-
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 72
-
Студено со врнежи од дожд
-
Сообраќајот тековно, по влажни коловози