Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
Ниту едно семејство кое се соочува со ретка болест неможе да ја плати скапата терапија. Државата е таа која треба да помогне во обезбедување на овие лекови, во Македонија има помеѓу 90 и 110 илјади пациенти кои се соочуваат со овој проблем.
Клучна алка за третирање на пациентите со ретки болести е раната дијагностика и соодветната навремена терапија.
Изготвен е нацрт-документ на националната Стратегија за ретки болести, кај нас последните 16 години зголемена е потребата од средства за овие лица.
Србија веќе подолг временски период преку фондот од страна на државата издвојува средства за помош на овие лица.
Статистиката покажува дека 75 проценти од лицата со ретки болести се деца, од кои 30 проценти поради болеста не го дочекуваат петтиот роденден. Повеќе од 170 експерти и претставници од здравствените институции учествуваат на десеттиот состанок за ретки болести на Југоисточна Европа.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар