Макрон и натаму загрижен поради „Хамас“ и покрај примирјето во Газа
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека заканата од палестинската милитантна организација „Хамас“ останува и по склучувањето на примирјето во Газа.
– Во наредните недели и месеци ќе има терористички напади и дестабилизација, изјави Макрон синоќа, пред заминувањето од египетското одморалиште Шарм ел Шеик на Црвеното Море, каде присуствуваше на церемонијата за потпишување на договорот меѓу „Хамас“ и Израел.
На прашање од новинарите дали се плаши дека „Хамас“ би можел да го пополни вакуумот на власта во Појасот Газа, Макрон изрази загриженост. – Сè уште сум загрижен, затоа што знаеме како функционираат терористичките групи. Не можеш да ја распуштиш организација со илјадници борци, со тунели и оружје, преку ноќ, потенцираше францускиот претседател.
Тој повика на строг меѓународен надзор на состојбата во Газа.
МИА
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски