„Макро и микро стратегии за развој“ - прв дипломатски форум на ЦЕИ во Скопје
„Макро и микро стратегии за развој ‒ Зајакнување на дипломатските капацитети на регионот на ЦЕИ“ е темата на денешниот Прв дипломатски форум на ЦЕИ, кој се одржува во рамки на македонското претседавање со Централно-европската иницијатива, а е под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
На свеченото отворање на форумот, што се одржува во согласност со една од стратешките цели на ЦЕИ, имплементација на мали и средни проекти, ќе се обрати претседателот Иванов.
На тридневниот форум ќе учествуваат над 50 млади дипломати од земјите-членки на ЦЕИ од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Украина, Црна Гора, Унгарија, Србија, Австрија, Бугарија, Албанија и од Чешката Република, како и членови на Иванов Школата за лидери – Алумни Асоцијација (ИСЛАА). Меѓу предавачите на годинешниот форум се експерти и универзитетски професори од земјава и од странство од областа на економијата, економетријата, политиката и дипломатијата.
Република Македонија оваа година по вторпат претседава со Централно-европската иницијатива, продолжувајќи го поставувањето, подобрувањето и промоцијата на стратешките цели на ЦЕИ, како што се поддршка на државите-членки на нивниот пат кон европската интеграција, промоција на усогласувањето на државите-членки на ЦЕИ со стандардите на ЕУ, имплементација на мали и средни проекти и отвореност за конверзија на конструктивни идеи во иновативни резултати. Основана во 1989 година, ЦЕИ претставува регионален меѓувладин форум посветен на поддршката на европската интеграција преку соработка меѓу државите-членки.
Ново на Сител
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука