-->
-->
Македонско културно лето 2017 во Мала Преспа
-->
Со претставата „Маша и нејзината волшебна приказна“ на театарот Крик од Скопје, вечер во Мала Преспа, Република Албанија, почнува јубилејното 10. Македонско културно лето што го организира Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“.
Фестивалот ќе трае до 31 јули, а продолжува утре со „Гига мега бајка“ на скопскиот Театар за деца и младинци.
Посетителите ќе може да ги видат и претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“ во изведба на Театар Џинот од Велес, како и „Приказните на заборавените претци“ на Народниот театар од Слоештица.
Македонското културно лето ќе заврши со мјузиклот „Циклус Македонија“ на Здружението „Сонце“ пред чие одржување ќе бидат доделени и награди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?
-
Жителите на Кривогаштани на протест, не даваат реконструкција на 2 моста додека не се најде алтернативен пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ