Loading Video...
Спорт плус
7. May 2018 - 15:11

Македонските каратисти подготвени го очекуваат европскиот шампионат

Македонските каратисти подготвено го очекуваат настапот на Европското првенство што ќе се одржи во Нови Сад, а на кое сигурно ќе се атакува на медал. 
 
 
 
Македонија ќе биде една од 52-те земји кои ќе учествуваат на 53-тото Европско карате првенство за сениори, кое од 10 до 13 мај ќе се одржува во Нови Сад. 
 
Имајќи ја во предвид традицијата, пред се одличните настапи минатите години на кои нашите каратисти освојуваа и медали, така и овојпат од нив се очекува повторно да атакуваат на медал. 
 
„Македонија во изминатава деценија е редовен освојувач на медали, што е единствен случај во сите наши спортови, а особено е важно што минатата година се закитивме и со сребрен и бронзен медал, на првото европско првенство откако каратето стана олимписки спорт. Моите очекувања за настапот во Нови Сад се оправдани ако кажам дека ќе се вратат со освоена медала, ако се знае дека Емил Павлов, досега освои 2 европски медали од кои еден златен 2014 и бронзен во 2016 година, Берат Јакупи освои две медали, сребрен во 2017 и бронзен во 2013 година, Жарко Арсовски беше бронзен на светското првенство 2010 година додека Мартин Несторовски беше бронзен во 2015 година. На крај сакам да им посакам успешен настап на нашите каратисти и како што ги испраќаме, така и да ги дочекаме во Агенцијата за млади и спорт, со медали и со насмевки на нивното лице“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.
 
Освен за медали каратистите ќе се борат за што повисок ранкинг на светската листа, преку која се обезбедува и норма за Олимписките игри во Токио 2020 година.