Македонски компании заинтересирани за унапредување на соработката со Аргентина
Компании - членки на Македонско-бугарската стопанска комора од градежниот сектор, фармацевтската, прехранбената и винската индустрија, денеска го презентираа своето деловно работење пред аргентинскиот амбасадор Гујермо Салвадор Азрак и искажаа интерес за проширување на својот бизнис надвор од европскиот пазар, во подалечните земји како Аргенитна, преку пласман на производите и остварување конкретна трговска соработка.
На состанокот што го организираше Комората, амбасадорот Азрак рече дека максимално ќе се заложи и ќе помогне во реализирањето директни бизнис релации меѓу македонските и аргентинските фирми.
- Основната цел на мојата денешна посета на Комората е да ги слушнам македонските компании и да им помогнам во унапредувањето на соработката со аргентинските бизниси. Можности има многу и се надевам дека средбата наскоро ќе даде резултат, изјави Азрак по состанокот.
Размената меѓу Македонија и Аргентита е многу мала, а тоа, како што оцени престедателот на МБСК Зоре Темелковски, е резултат на предрасудите за далечни и блиски пазари кои кај претприемачите не постојат. Според Темелковски, малата размена е последица и од недоволното познавање на потенцијалите на двата пазара.
- Бев пријатно изненаден од амбасадорот кој информира дека имаме спогодби со Аргентина кои стојат во некакви фиоки, но претприемачите го разбиваат мразот на пазарите кои се на економско ниво според можностите на македонските компании. Во најкус рок очекувам резултати од денешните разговори зашто претприемачкиот капитал нема бариери и предрасуди на далечни и блиски пазари, нагласи Темелковски, оценувајќи дека аргентинскиот е алтернативен пазар за брза соработка и овозможување циркулација на продукти на двете страни.
Третите пазари, потенцира Темелковски, се иднината на Македонија како мала економска земја.
Аргентина е 46-ти трговски партнер на Македонија за периодот јануари - јули 2015 година кога размената била 9,1 милион долари што е пад од 11,68 отсто во однос на истиот период лани. Во овој период е остварен извоз од 859.000 долари или 62,01 процент помалку, додека увозното салдо изнесува 8,2 милиона долари што е зголемување од 2,47 отсто. Трговскиот дефицит е 7,3 милиони долари.
Македонија на аргентинскиот пазар најмногу извезува тутун, а увезува главно соја и риба.
Ново на Сител
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука