Македонски цртачи на шестата стрип-колонија во Рашка

Македонски стрип-автори учествуваа на шестата стрип-колонија во Рашка, Србија, која се одржа од 26-ти до 30 јули. Петдневното творење и дружење на учесниците се одвиваше во живописниот амбиент на Семетешкото Езеро, каде заедно со практичниот дел беа оджани и предавања и презентации поврзани со стрип-уметноста.
Излагачи оваа година беа стрип-авторот и публицист Бојан Ѓукиќ и карикатуристот и графички уредник Никола Костандиновиќ кои своите знаења ги споделија со младите стрип-автори.
Според Томе Трајков, проект-менаџер на Стрип-центарот на Македонија од Велес, меѓу најголемите успеси на нивниот центар е токму отворањето на македонската стрип-сцена надвор од нејзините граници.
- Македонците се драги гости на стрип-фестивали, смотри и колонии во околните земји. Се радувам кога гледам како младите цртачи од Македонија вредно учат од такви величини како што се Владимир Весовиќ и Бојан Ѓукиќ, но и разменуваат искуства со свои врсници од други земји. Се потврди тезата дека македонската стрип-сцена има иднина, а со малку повеќе позитивна енергија работите ќе дојдат на свое место, истакнува Трајков.
Најдобрите дела создадени за време на работилницата, според најавата, ќе бидат објавени во новиот, петти број на „Ras comiic“ кој се очекува да излезе идната година.
На страниците на ова списание, во издание на Центарот за култура, образование и информирање „Градац“, свои стрипови досега имаат објавено и македонските автори Александар Стеванов и Дарко Богданов, а со стрип табла застапени биле и Ване Трајков и Ѓунај Абдулов.
Ново на Сител
-

Орце Ѓорѓиевски и официјално победи на изборите во Скопје
-

Мицкоски: Да го сменевме уставот се ќе беше одлично
-

Јаневска: Новата стратегија за образование ќе ги подобри резултатите на учениците на ПИСА и ТИМСС
-

Етничката припадност често е причина за конфликт меѓу младите
-

Со грантови со ЕУ се поттикнува социјалното претприемништво во земјава
-

Полицијата го олеснува визниот режим за турските студенти
-

Наградата „Жива“ можност за поголема промоција
-

Преглед на вестите од светот
