Македонија и Јапонија – 25 години дипломатски односи
Девет проекти за шест региони ќе бидат потпишани денеска по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија.
На церемонијата на потпишувањето на грант договорите ќе присуствува јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и девет директори од институциите добитници на грантовите, министрите за здравство, за образование, за локална самоуправа, Венко Филипче, Арбер Адеми, Сухејл Фазлиу и заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар.
На приемот по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи ќе се обратат амбасадорката Ханеда и шефот на дипломатијата Никола Димитров, а ќе бидат објавени и добитниците на грант помошта за оваа година.
Македонија и Јапонија пред 25 години ги воспоставија дипломатските односи. Амбасада на Северна Македонија во Јапонија е отворена во мај 2013 година, јапонската во земјава во јануари 2017 година. Кеико Ханеда, која е повеќе од една година на функцијата е првата резидентна амбасадорка на Јапонија во земјава.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима