Македонија го заврши и вториот меч со пораз
Во својот втор настап на 16. Европско фудбалско првенство, македонската репрезентација попладнево загуби од Украина со 2:1. Едно добро полувреме не беше доволно „црвено-жолтите“ да го освојат првиот бод.
Украинците победата ја обезбедија по подобрата игра во првите 45 минути кога Андриј Јармоленко во 29. минута им донесе водство, а Роман Јаремчук пет минути подоцна ја удвои предноста.
Македонците постигнаа гол преку Езѓан Алиоски во 57. минута, по одбиената топка, откако во претходниот обид украинскиот голман му одбрани пенал.
Пенал одбрани и македонскиот голман Столе Димитриевски во завршницата (84. минута) кој го одби ударот на Малиновски.
На „Национална арена Букурешт“, избраниците на селекторот Игор Ангеловски повторно имаа голема поддршка од околу пет илјади навивачи.
По овој пораз, македонските фудбалери имаат само теоретски шанси за пласман во следната рунда, додека Украина ги прокнижи првите три бода.
Вечер од 21 часот во Амстердам ќе се одигра другиот натпревар од 2. коло во „Ц“ групата на кој Холандија ќе ја пречека Австрија.
Ново на Сител
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната