Македонија го промовира активниот туризам на Саем во Словенија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија втора година по ред го промовира активниот туризам на Саемот за туризам Natour Alpe Adria во Љубљана, Словенија.
Покрај активниот туризам, Агенцијата за туризам промовира и традиционална македонска храна и вино, а посетителите имаат можност да дегустираат и македонски ајвар и сирење.
Делегацијата на Агенцијата за туризам, на Саемот во Словенија на кој се присутни 330 тур–оператори од 15 земји, оствари средби со претставници на авионската компанија Adria Airways, кои покажале интерес за зголемување на бројот на патници од Љубљана до Скопје.
Од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на РМ посочуваат дека значајни се и средбите со тур-операторите Kompas, Oscar, Elephant travel, Slovenia Experience, како и со Асоцијацијата на словенски водичи, со кои е договорена соработка за споделување на експертиза и професионално искуство за основање на одржлив етички кодекс на туристичките водичи.
Новинарите од Словенија, посебно од Здружението на новинари FIJET, пројавиле интерес за винската рута и планинскиот туризам, изразувајќи желба да ја промовираат и туристичката понуда на Скопје и Охрид.
На четиридневниот саем за туризам во Љубљана, кој завршува денеска, ко-егзибитор на штандот на Македонија е тур-операторот Бадем Тур, информираат од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола