Македонците јадат најмногу благо во регионот
Граѓаните на Северна Македонија јадат најмногу благо во регионот, а се позиционирани високо и на европската листа, покажува анализата за потрошувачката на шеќер по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).
Македонците годишно консумираат по 36,7 килограми шеќер, Хрватите се втори со 33,8, пред Грците со 31,6, Бугарите, 27,5, Србите 22,4 и Црногорците со 21,2 килограми. Најмали љубители на слатко се Словенците со 19,4 и жителите на Босна и Херцеговина со 18,3 килограми.
Во Европа најмногу шеќер јадат Белгијците 48,3 и Полјаците 45,7 килограми. Најмалку слатко, пак, се консумира во Луксембург, само 10,8 килограми.
Податоците на „Landgeist“ не вклучуваат само суров шеќер, туку и количините во производите што содржат шеќер.
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели