Mајка забележала огромна опасност во навидум безопасната фотографија од нејзините деца- и вие ќе се шокирате кога ќе видите
Стејси Картер, партнерот Џек и нивните 16-месечни ќерки Ава и Исла, уживале во прошетка во паркот Кингс Бибабонг во близина на Милдура во Австралија. Тие направиле повеќе фотографии од нивните девојчиња, а кога се вратиле дома мајката не можела да поверува дека нејзините ќерки биле во таква животна опасност.
Додека ги разгледувала фотографиите Стејси забележала кафеава змија, како е оддалечена само неколку сантиметри од едно од девојчињата. Кафеавата змија е втората најотровна змија во светот и нивниот отров најчесто е фатален за жртвата.
Стејси ја споделила фотографијата на Фејсбук за да ги предуперди останатите луѓе кои се движат во оваа област.
Овие змии се одговорни за околу 60 проценти од смртните случаи на касање од змија во Австралија. Каснувањето може да резултира со парализа, неконтролирано крварење и смрт ако не се лекува.
„Ми се лоши, ние сме толку благодарни и благословени нашите бебиња се безбедни и дома со нас. Имавме ангел чувар кој се грижеше за нив тој ден.“, вели Стејси.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија