-->
-->
Мајка и ќерка од светиниколско осомничени за убиство на сопругот и зет
-->

Вчера околу 17.30 часот во ПС Свети Николе, Л.К.(68) од с.Богословец, светиниколско, телефонски пријавила дека во нивната куќа во дневната соба го пронашла починат нејзиниот сопруг Ф.К. (78), со прострелна рана во главата, а до него се наоѓал пиштол калибар 7,65.
По применото известување местото било обезбедено, а бил запознаен и Јавен обвинител.
Бил извршен разговор со Л.К. и нејзината мајка М.С(89) од истото село.
Истите изјавиле дека околу 15.30 часот помеѓу Ф.К. (кој бил во алкохолизирана состојба) и Л.К., поради нарушени брачни односи, настанала расправија при што Ф.К. ја влечел за коса, а таа го удрила со дрво за огрев во пределот на главата. Според нивните изјави, Ф.К. почнал да им се заканува дека ќе ги убие и девете, по што тие, исплашени, излегле од куќата и отишле во помошниот објект.
По извесно време слушнале еден истрел од огнено оружје и Л.К. и М.С. се вратиле во куќата, каде го затекнале Ф.К. застрелан во главата.
Во 20.50 часот Јавен обвинител започнал со вршење на увид, кој во 23.55 часот бил прекинат, со цел да продолжи на 04.11.2016 година во содејство со доктор–обдуцент и крим.техника(балистика) од МВР, поради сомнителни околности, пронајдени три испукани чаури.
Заради расветлување на настанот, по налог на Јавен обвинител, Л.К. и М.С. се лишени од слобода и задржани во ПС Свети Николе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Основниот суд Куманово одложено рочиштето за случајот Вангелица Илијевска
-

Анализа на американското разузнавање: Путин е порешителен од кога било досега
-

Захарова: Европа се движи кон самоуништување
-

При претрес во струмичко пронајдена марихуана
-

Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
-

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар
-

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка
