Македонија
22. October 2025 - 12:17

М-НАВ: Граѓанскиот суд постапи исправно

Адвокатот на МНАВ ја оправда одлуката на граѓанскиот суд со која се забранува на синдикатот да го одржи најавениот штрајк, немало наведени барања, ја прескокнале постапката за помирување и барањето било поднесено од нелегитимен субјект, нивниот синдикат не бил регистриран.

Претседателот на синдикатот пак вели, имаат право да штрајкуваат, а нивните барања биле доставени до директорите, а пробале и со помирување да ги решат проблемите во македонската навигација.