ОН: Луѓето во северниот дел на Газа не добиваат речиси никаква помош повеќе од 40 дена
Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарик изјави дека поради опструкциите на Израел повеќе од 40 дена, речиси и да не е доставена помош за Палестинците кои се борат за опстанок на северот на Газа, пренесува Анадолија.
Дујарик одговараше на прашања на новинарите за настаните на Блискиот Исток.
Наведувајќи дека израелските војници го блокирале преминот кон северниот дел на Газа, Дујарик изјави дека жителите на регионот речиси и да не добиваат помош повеќе од 40 дена и дека хуманитарната ситуација е особено тешка во одредени региони.
„Луѓето се борат за опстанок во опколените области во северниот дел на Газа“, рече Дујарик, повикувајќи се на информации дадени од Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Наведувајќи дека израелските војници продолжуваат да спречуваат помошта да стигне до области како што се Беит Ханун, Беит Лахија и Џабалија, Дујарик нагласи дека 27 од 31 обид за помош планирани само овој месец се одбиени, а другите четири се сериозно одложени.
„Искрено кажано, сите обиди на ОН да ги поддржат луѓето во опколените области северно од Газа се отфрлени или блокирани“, рече Дујарик.
Портпаролот на генералниот секретар го привлече вниманието на гладот што ќе се случи во регионот каде што се затворени сите пекари и целосно е блокирано снабдувањето со гориво.
Ново на Сител
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење