-->
-->
ЛШ: Скјерн го победи Металург за пласман во нок аут дуелите
-->
Ракометарите на Металург запишаа уште еден минимален пораз во групата Д од Лигата на шампионите - 24:25. Вечерва поуспешни од нив беа гостите од Данска екипата на Скјерн, која со овие два бода и поразот на Баја Маре дома од Елверум го потврди пласманот во нок аут фазата и во последното коло во директен дуел ќе решаваат за првото место во групата.
„Металурзите“ не го реализираа последниот напад и остнаа без ниту еден бод, слично како и на првиот меѓусебен дуел кога Скјерн победи со гол во последната секунда. Јанко Божовиќ со 8 голови беше најефикасен на дуелот.
Последниот натпревар Металург во групата Д ќе го игра на гости кај Елверум другата недела каде ќе се обиде со победа да го избегне последното место.
Во последното коло Металург гостува во Норвешка кај Елверум.
Табела: Мотор 14 бодови, Скјерн 13, Баја Маре 9, Кадетен Шафхаузен 9, Елверум 5, Металург 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња