Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
Локалното население особено во руралните средини да биде едуцирано и опремено за да може активно да биде вклучено во напорите за гаснење на пожарите.Од планинарската спасителна служба посочуваат дека и волонтерите се тие кои може да делуваат, најефективна е помошта која ќе ја понудат тие кои се тука во самото време на случувањето на пожарот.
И нашата земја треба да го следи примерот од развиените европски земји како Австрија ,Швајцарија, Германија, Данска и Норвешка каде најголемиот терет во справувањето со огнената стихија паѓа на волонтерските служби.
Бројот пожари низ Македонија предизвикува сериозна загриженост кај населението .Добрите познавачи велат дека потребно е да се инвестира во модернизирање на ресурсите за гаснење пожари и подобрување на локалните способности за да се спречат катастрофи.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар