Балкан
3. April 2017 - 15:42

Љубов за време на избори: Крле излегол да гласа па напиша љубовна порака на ливчето

Во Србија вчера се одржаа претседателските избори, а покрај Александар Вучиќ кој однесе убедлива победа, се чини дека вистинска ѕвезда беше еден белграѓанин кој дури и на гласачкото ливче виде инспирација за да искаже љубов кон својата поубава половина.

Белграѓанецот Крле немал свој фаворит на изборите за нов шеф на државата, па како што напиша, гласот на неговото срце одамна го зела една Маја.

„Јас гласам за сопственичката на моето срце и првата дама на мојот живот д-р Мајче, која е единствена причина за мојата среќа и мојата болка! Др Мајче, љубов моја, те сакам повеќе од небеското пространство“, напиша тој.

Foto: Čitalac Kurira

Неговото гласачко ливче можеби е невежечко на овие избори, но за оригиналноста секако заслужи победа и тоа во првиот круг.