Балкан
25. јуни 2024 - 11:42

Се урна рингишпил во Добој, четири деца повредени

Вчеравечер се урна рингишпил Во Добој, северна Босна и Херцеговина, во Паркот на народни херои, при што беа повредени децата кои се наоѓаа на него.

Четири деца се повредени, а нивните родители ги пренеле на раце во блискиот Здравствен дом.

Екипите за итна помош пристигнале за 2-3 минути, но родителите веќе ги однеле децата.

На местото на настанот имало и полицајци кои заедно со родителите под конструкцијата на рингишпилот извлекле повредени деца.

Сите деца биле свесни. Нивните животи не се во опасност.