Лидерот на Хамас е убиен во Техеран
Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад “ врз неговата резиденција во Техеран, јави ДПА.
Во изјава на Телеграм, Хамас ја оплакува смртта на Ханија „како резултат на предавничката ционистичка акција врз неговата резиденција во Техеран“.
Првично нема потврда за смртта на Ханија од израелската страна, додава ДПА.
Веста за убиството на Ханија се случи неколку часа по израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут, насочен кон командантот на про-иранската милиција на Хезболах, Фуад Шук „Сајид Мухсан“.
Хезболах засега не ја потврдува неговата смрт.
Либански Хезболах е отворен сојузник и помагач на Хамас во Појасот Газа. И двете движења се сојузнички на израелскиот архи-непријател Иран, преенесува германската агенција.
Хамас соопшти дека Ханија е убиен откако присуствувал на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател, Масуд Пезешијан, што беше во неделата во иранската престолнина.
Ново на Сител
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил
-
Полицаец ги казнил за сообраќаен прекршок, па му упатиле закани по живот преку социјална мрежа
-
17-годишник од Скопје пробал да го убие својот татко со остар предмет
-
Стејт департмент: Во Северна Македониа се уште не се исполнети стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе
-
Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина