Свет
1. October 2025 - 11:47

Турција со законски мерки ќе го поттикнува наталитетот

Турската одбранбена компанија „Богазичи Савунма“ објави дека развила системи за заштита од дронови во урбани средини, кои веќе се тестираат на неколку аеродроми, објавија денеска турските медиуми.

Веста доаѓа во контекст на неодамнешните видувања на дронови на неколку европски аеродроми, кои ја истакнаа заканата што дроновите ја претставуваат за цивилното воздухопловство и предизвикаа одложувања и економски загуби, забележаа турските медиуми.

„Иако системите за заштита од дронови главно се користат во воени области, ризиците сега се проширија и во урбаните средини“, рече Фатих Аслан, претседател на одборот на директори на „Богазичи Савунма“, нагласувајќи дека неодамна, аматерските летови со дронови, па дури и фотографирањето на свадби, почнаа да претставуваат закана што може да ги откаже летовите и да доведе до сериозни економски загуби.

-Развиваме производи кои се малку различни од воените, способни да се спротивстават на дронови кои ги загрозуваат цивилните летови без да ги нарушат постојните системи. Нашите производи се подготвени и моментално се тестираат во пилот-регион, рече Аслан, нагласувајќи дека компанијата ги тестира и системите на неколку аеродроми во Европа, Азија и Африка. 

МИА