Преглед на вестите од светот
Од денеска работата на американската влада е делумно блокирана откако Сенатот, не успеа да го изгласа закон за нејзино финансирање. За да се усвои законот, потребни беа 60 од 100 гласа во Сенатот, што значеше дека на републиканското мнозинство му беше потребна поддршка од најмалку оссумина демократи.
Демократите бараа во законот да се додаде продолжување на здраствените бенефиции за милиони Американци што треба да истечат на крајот од годината, што републиканците го одбија, инсистирајки тоа прашање да се решава одделно. Како резултат на блокадата, вработените на несуштински позиции за системот се префрлаат на неплатено отсуство.
Оние, пак, чии работни места вклучуваат заштита на животот и имотот - мора да продолжат да работат, но нема да добиваат плата сè додека не се обезбеди финансирање. Претседателот Доналд Трамп ги обвини демократите за блокадата, додека демократите истакнуваат дека републиканците ја контролираат Белата куќа и двата дома на Конгресот и со тоа ја сносат најголемата одговорност.
Последната буџетска блокада во САД се случи во првиот мандат на Трамп во декември 2018 година, и траеше 35 дена. Најамногу во американската историја.
Најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје во Украина е исклучена од електричната мрежа веќе седми ден. Се снабдува со елекетрична енергија од дизел генератори. Зеленски вели ситуацијата во централата, која е под руска контрола е критична а за тоа виновна е Русија.
-Генераторите и централата никогаш не биле дизајнирани да работат во овој режим толку долго, а веќе имаме информации дека еден од генераторите откажал.Русите, преку своите напади, спречуваат поправки на далноводите до централата и враќање на основната безбедност. Ова е закана за сите. Ниту еден терорист во светот никогаш не се осмелил да го направи со нуклеарна централа она што Русија го прави сега.
Раководството на електраната назначено од Москва по окупацијата на нуклеарниот објект негираше какви било проблеми со генераторите. Меѓународната агенција за атомска енергија смирува.
Нема непосредна опасност сè додека дизел генераторите остануваат во функција, обезбедувајќи итна енергија за објектот изјави шефот на МААЕ Гроси и додаде дека е во постојан контакт со двете страни, со цел да се овозможи брзо обновување на поврзувањето на централата со електричната мрежа.
Централата Запорожје беше заземена од руски трупи во првите недели од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година и секоја страна редовно ја обвинува другата за напади што ја загрозуваат нуклеарната безбедност.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар