-->
-->
Лице во Вевчани се претставувал како полицаец, им ги украл личните карти и исчезнал
-->
На 24.10.2021, во 22.30 часот во ПО-Велешта Т.Ш. (32) пријавил дека околу 20.30 часот во центарот на с.Вевчани (пред кафе бар) додека следел митинг на политичка партија едно лице лажно му се претставило дека е полициски службеник и му побарало лична карта и откако ја фотографирал личната карта, му се заканил на пријавителот, информираат од МВР.
„Потоа, според пријавеното, лицето влегло во кафе барот и им ги побарал а потоа и ги фотографирал личните карти на И.Д., М.Д., В.П., К.Р., Т.В. и Н.Б., сите од Вевчани, а потоа, без да се легитимира со службена легитимација, се оддалечило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“-дополнуваат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар
-
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули
-
Приведен 52-годишен тетовец, управувал возило со 2.63 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресурси на државата
-
Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
-
Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун
-
Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро | ФОТО