Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички
Ако матичните или специјалистите во болниците и поликлиниките не ги направат потребните испитувања нема да можат да ги пратат пациентите на клинички. Азир Алиу информатичките вештини ќе ги применува во здравството.
Тој најави нов систем поврзан со “Мој термин” кој ќе содржи прецизно дефинирани протоколи како да се одвива лекувањето од примарно преку секундарно до терциерно ниво, бидејќи првичните анализи покажале дека 70 проценти од пациентите директно се препраќале на клиника.
Според министерот, системот нема да дозволи креирање на упати доколку претходно не се направени потребните дијагностички процедури, а ќе се евидентира и кој доктор како и колку работи.
- Ќе имаме јасни индикатори за секој доктор, дали услугите што треба да ги нуди, во примарно и терцијално, ги нуди, или само прави редирект на пациентите од примарно на терцијарно здравство, изјави Азир Алиу, министер за здравство.
Сите овие податоци јавно ќе бидат достапни на веб страницата на министерството. На овој начин ќе се обезбедат прецизни податоци колку кадар има во јавното здравство и со каква опрема располагаат болниците и клиниките. Алиу им дал обврска и на директорите секој месец да му доставуваат извештаи што сработеле.
- Секој месец треба да доставуваат извештаи и анализи и согласно тоа да се изнајдат соодветни решенија, рече Алиу.
Сите граѓани кои имаат забелешки, предлози или некаков проблем во здравството секој петок можат да му ги соопштат на министерот, но претходно треба да закажат термин преку алатката “Отворен кабинет” на интернет страницата на министерството, но Алиу рече дека првите 15 термини веќе биле рерзервирани.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар