Свет
7. November 2016 - 8:41

Либиската крајбрежна стража спаси 15 мигранти во водите источно од Триполи

Либиската крајбрежна стража спаси 115 мигранти на гумен чамец во водите источно Триполи. 

Спасувачката операција траела два часа, изјави портпаролот на либиските военопоморски сили, полковник Ајуб Касем. Тој додаде дека едем мигрант се удавил.

Спасените мигранти биле од неколку африкански држави. Тие биле одведени до пристанишето Хомс, каде добиле медицинска и хуманитарна помош, пред да бидат предадени на службите за борба против нелегалната миграција.

Трговците со луѓе ја користат хаотичната состојба, која владее во Либија по падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година.

Либискиот Црвен крст соопшти во саботата дека пронашол тела на 40 удавени мигранти покрај бреговите на Триполи.