Левица: Меџити одлучи Mакедонците да плаќаат за лекување на граѓаните на Косово и Aлбанија
Министерот за здравство од редовите на Алијанса за Албанците, Фатмир Меџити, наместо да понуди сериозни проекти за санирање на руинираното здравство - тој веднаш почна со реализација на своите шовинистички апетити!
После скандалозното разрешување на кардиохирургот Јовев, следи одлука за лекување на косовски и албански државјани по цена иста како да се државјани на Република Македонија. Одлуката на министерот за здравство, Фатмир Меџити, е ужасен пример за дискриминација и институционално дејствување во корист на големоалбанската цел, на штета на македонските граѓани!
За Левица, ова е неприфатлив и скандалозен чин, кој ги претставува македонските граѓани како измеќари на големоалбанската амбиција.
Зошто парите од данокот на македонскиот работник да бидат користени за лекување на граѓани од други земји, додека многу од нашите сограѓани се борат за преживување и имаат огромни потреби во здравствената нега во болниците со ужасни услови? Оваа одлука е само јасен приказ на етношовинистичката природа на Алијансата за Албанците и нивните интереси, кои воопшто не се во насока на просперитет на народот кој живее во Република Македонија!
Очигледно е дека министерот не го почитува принципот на рамноправност и не се грижи за состојбата на македонските граѓани, па го прашуваме дали неговата одлучувачка етика се заснова на принципот на финансиска одговорност кон сограѓаните, или пак само на интересите на неговата политичка партија?
Левица на оваа одлука гледа како уште еден систематски дефокус од актуелните проблеми, како што е иселувањето на лекарите и медицинскиот кадар од државата. Додека нашите граѓани се соочуваат со ужасни услови во здравствените установи во Македонија, министерот Меџити се покажува целосно игнорантен кон ова прашање.
Инфраструктурата и опремата во нашите болници и здравствени центри се во катастрофална состојба, а лекарите и медицинскиот персонал кои останаа во татковината се преоптоварени и под непрекинат притисок. Наместо да се фокусира на подобрување на нашиот здравствен систем, министерот избира да ги насочи ресурсите кон граѓаните од другите земји.
Оваа одлука на Меџити е планирано сценарио со кое би се колабирало и така веќе кревкото здравство во Република Македонија, како и буџетот кој е предвиден за лекување на нашите сограѓани.
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-
Притвор за албански државјанин, извршил полов напад врз своја сонародничка во Дебар
-
Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај
-
Битолчанка со измама добила лична карта и трансакциска сметка од друго лице, и на негово име подигнала брз кредит
-
Приведен кавадарчанец, возел со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-
Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови
-
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
-
Од 968 сообраќајни прекршоци вчера, 636 за брзо возење