Џет-Сет
1. July 2018 - 9:33

Лепа Брена објави фотки од свадбата на синот кои досега не се видени

Помина речиси недела дена од „свадбата на векот“ , младенците се и понатаму насмеани и изгледа дека уживаат во брачните води, а најголемата југословенска ѕвезда со денови објавува фотографии од гламурозната венчавка.

Венчаквката на Александра и Филип ќе остане убав спомен за пејачката, на која очигледно и се допаднал секој детаљ ... од гостите, преку атмосферата, до салата во која е организирана венчавката.

Откако објави фотографија со венчаниот кум, кој кумувал на нејзината венчавка со Бобо Живојиновиќ пред 20 години, во четвртокот се потсети и на прекрасната сала во која пред недела дена се забавуваа младенците со гостите.