Леброн Џејмс ќе пропушти неколку недели поради повреда
Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда на десната нога.
Според информации во американските медиуми, Џејмс ќе мора да направи дополнителни прегледи пред да се знае попрецизно временска рамка за закрепнување.
Четирикратниот МВП на НБА се повреди на крајот од третата четвртина против Далас во неделата (111:108). Триесет и осумгодишниот кошаркар сепак го продолжи натпреварот и му помогна на тимот да го направи најголемиот кам-бек оваа сезона во НБА. Лејкерси во првото полувреме имаа негатива од 27 поени.
Лос Анџелес лејкерс моментално е на 12. место во Западната конференција на НБА-лигата со скор 29-32 (победи-порази).
Оваа сезона, тимот има скор од 5-9 во натпревари без Џејмс во составот.
Ново на Сител
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее