Лажна дојавата за бомба во Тетово
Припадници на Единицата за антитероризам на МВР денеска по 13 часот извршиле комплетно пребарување на внатрешноста на Основниот суд Тетово и просторот околу него, при што не се пронајдени никакви експлозивни или други средства, по дојавата од изутрината дека има експлозивна направа во судот, соопшти МВР.
- Триесет и деветгодишната тетовка Н.Ј, денеска околу 8 часот и 40 минути пријавила во Полициската станица Тетово дека утрото кога влегла во нејзината адвокатска канцеларија лоцирана на улица „Струшка“ во Тетово, на подот забележала писмо, се наведува во соопштението од МВР.
Од полицијата информираат дека таа го подигнала писмото, го отворила и во него се наоѓал лист хартија на кој рачно, со кирилично писмо, било напишано: „На 13 април ќе се бомбардира Судот во Тетово, голема количина експлозија има внатре, доста игравте со народот, соопштение ОВК“.
За настанот веднаш бил известен јавен обвинител кој дал насоки за мерките и активностите што треба да се превземат, по што повеќе служби на СВР Тетово испратени се во и околу објектот на Основниот суд Тетово, а известени се и соодветните служби на Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Извршен е комплетен увид и Секторот за внатрешни работи Тетово работи на расветлување на случајот, односно кој, зошто и со какви мотиви го оставил писмото во адвокатската канцеларија на Н.Ј и која била целта, велат од МВР.
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели