Лавров: Шансите за успех на примирјето во Сирија се под 50 отсто
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека шансите се спроведување на договорот за еднонеделен прекин на огнот во Сирија се под 50 отсто.
- Веројатноста за пропаѓање на примирјето е поголема од шансите за негов успех, изјави Лавров во обраќањето на Безбедносната конференција во Минхен, додавајќи дека за спроведување на договорот за прекин на огнот и за надминување на хуманитраните проблеми потребна е соработка и непрекината координација меѓу Русија и САД.
Како што јави ТАСС, Лавров оцени дека со поставувањето ултиматуми сириската опозиција се обидува да предизвика поделби во Меѓунардоната група на пријателите на Сирија, оценувајќи дека барањата за промена на терминот „примирје“ со „прекин на огнот“ во постигнатиот договор е само „каприц“ на опозициските групи кои ги поддржува Саудиска Арабија.
Лавров при тоа упати апел до земјите „вмешани во конфликтите на Блискиот Исток“ да ги одложат „своите обиди за промена на режимите и за остварување на геополитичките амбиции“ во интерес на борбата против тероризмот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони