-->
-->
Лацио пресилен за Милан
-->
Хоакин Кореа постигна два гола за 3:0 победа на Лацио над Милан на „Олимпико“ за да ги исфрли „росонерите“ од топ 4 пласман првпат по подолго време и да ја направи завршницата на италијанската Серија А супер-интересна, барем за борбата од второто до четвртото место, откако Интер веќе може да ја прославува титулата.
Кореа уште во втората минута ја искористи катастрофалната грешка во одбраната на Милан за донесе 1:0 водство, а откако во финишот на првото полувреме им беше поништен голот на Лацари поради офсајд, Кореа во 51. минута ја осигура победата на „бјанкочелестите“, пред Чиро Имобиле во 87. минута да го комплетира „потопот“ на гостите.
Сега, погледот на табелата во Серија А е многу интересен. Интер се убедливо први со 79 поени, следува Аталанта со 68, па дури три тима со по 66 – Наполи, Јувентус и Милан, додека Лацио се шести со 61 (и натпревар помалку). Веќе Рома на седмото место е далеку со 55 поени. До крајот на шампионатот има само уште пет кола!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите добиваат повеќе пари
-
Меџити: Само Таравари гледа можност за соработка со ДУИ
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
Априлски снег во Охрид
-
Пензионерите против враќањето на старата методологија за пресметка на пензиите
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна