Кузмановска: Извештајот за ребалансот на Буџетот не е доставен до мене
Претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, денеска обвини дека до неа не е доставен Извештајот за работата на Комисијата за ребалансот за Буџетот за има обврска да го потпише и единствено таа одговара за неговата веродостојност. Како апсолутна невистина го отфрли тврдењето на претседателот на Парламентот Талат Џафери дека одбила да го потпише Извештајот.
- Комисијата за финансирање и буџет заврши со работа на една минута до дваесет и четири часот и јас до денес, таков извештај немам добиено. Кога ќе добијам таков извештај, ќе го разгледам и кога ќе бидат вклучени сите дискусии и она што е многу важно како дебата од десетдневната расправа јас без никаков проблем ќе го потпишам тој извештај, изјави Кузмановска.
Она што загрижува, според неа, е дека во текот на ноќта е испратен Извештај потпишан од членови и заменици-членови од СДСМ.
- Тоа е грубо кршење на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Може да кажам дека она што како информација го слушнав од Талат Џафери е дека претседателот на Комисијата за финансирање и буџет не сакал да го потпише овој извештај. Тоа е апсолутна невистина, истакна Кузмановска.
Потенцира дека во Собранието првпат се случува Законодавно-правната комисија без општа и амандманска расправа да поднесе Извештај, кој е надвор од Деловникот за работа.
Ново на Сител
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон