Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
Владината мерка за замрзнати цени и ограничени маржи истекува утре. Ако цените повторно скокнат – ќе интервенира владата.
Енормно поскапкување не се очекува, затоа што, според заменикот министерот за економија, тровците си ја научиле лекцијата. Вештачко подигнување на цените, кога инфлацијата стивнува, смета дека не треба да има. Се разгледува и опцијата веб страните каде маркетите ги објавуваат цените, да биде попрегледна.
-Во 21 век сметам дека пред граѓаните јавно и транспарентно треба да бидат презентирани цените од сите маркети и тие самите да одлучат каде ќе ги трошат своите пари. Колку се прегледни или не се прегледни не можам да кажам сега. Тоа ќе го сублимираме после еден месец од имплементацијата. Можеби ќе одиме на една општа генерална веб-страница или збирна информација која ќе дава добри резултати за да може транспарентно граѓаните сами да ги контролираат цените онаму каде што ќе купуваат, изјави Марјан Ристески, земеник министер за економија.
Токму на непрегледност на објавените цени на веб страниците се жалат потрошувачите. Премногу производи, кои не се селектрирани по категории, долги листи, кои граѓаните немаат ни нерви ни време да ги споредуваат. Затоа, од Оргазнизацијата на потрошувачи сметаат дека треба да има унифицирана, попрегледна алатка за пребарување.
-Зашто вака луѓето се бунат. Некој што има намера да купи пет или шест производи треба во сите списоци на производи кои што ги објавуваат да ги бара баш тие производи и да оди онлајн од маркет во маркет за да може да ги најде. Сега луѓето немаат ни време, ни можност да проверуваат. Идејата е добра, но уште треба да се развива. Кај нас е проблем што идеите се даваат и потоа не се развиваат, бидејќи се мисли дека е готово. Не е готово, само е почнато. Треба да се направи алатка за компаративна споредба на производите каде може да се купат поевтино и тоа е добро за конкуренцијата, изјави Маријана Велоова Лончар, претседател на ОПМ.
При крај се и подготовките за владината просечна потрошувачка кошница. Ристески не откри датели што ќе содржи, но вели дека се ќе ги има основните прехранбени производи од различни маркети од повеќе градови низ државата.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар