Кузеска: Успешни економски политики на СДСМ, најниска невработеност досега од 15.2 проценти
Во услови на проширена глобална енергетска криза, вистинските социјалдемократски економски политики даваат конкретни резултати.
Невработеноста е на најниско ниво од независноста досега-15.2%, согласно податоците на Државниот завод за статистика.
Во споредба со 2020 година невработеноста успеавме да ја намалиме за 5,6%, во време на здравствена криза со економски последици.
Ова е уште еден показател дека сите економски мерки кои беа преземени дадоа резултат. Тоа е потврдено и со извештајот на ММФ кој констатираше дека со успешните мерки на Владата се спасени над 60.000 работни места.
Намалувањето на невработеноста во услови на кризи се огромен успех и со гордост може да се кажеме дека економски политики на СДСМ се потврдени низ клучните економски параметри.
Се грижиме и за зачувување и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Просечната плата ја зголемивме, на 29.943 денари.
Минималната плата ја покачивме на историско највисоко ниво досега од 18.000 денари, двојно повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
На овој начин директно го поддржуваме стандардот на над 160.000 работници.
СДСМ го реализира и најголемото покачување на пензиите досега. Со новата методологија пензиите ќе растат континуирано, во просек по 900 денари, а обезбедивме и финансиска помош од 3.000 денари за сите 330.000 пензионери.
За достоинствен живот на секој наш пензионер.
Со СДСМ растат платите, со СДСМ растат пензиите, со СДСМ се намалува невработеноста. Во време на глобална и проширена енергетска криза.
Тоа граѓаните може да го очекуваат од СДСМ и во иднина.
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Ново на Сител
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат