Курц: Австрија се залага за заштита на новинарите ширум светот
Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц укажа денеска дека постојано расте бројот на новинари кои се изложени на напади, апсење и убиства, и затоа Австрија се залага за заштита на новинарите ширум светот.
Во соопштение по повод едногласното усвојување на Резолуција за безбедност на новинари, иницирана од Виена, во Советот на ОН за човекови права во Женева, истакнато е дека усвојувањето на тој документ е исклучително важно за заштита на новинарите.
– Фактот дека резолуцијата е предадена со поддршка од повеќе од 80 држави и постигнат е консензус за неа, дава особена тежина, нагласува Курц.
Според него, Резолуцијата е најсилен текст досега усвоен во Советот за човекови права на ОН и ГС.
Резолуцијата повикува на итно ослободување на уапсени новинари и осудува најостро насилно гаснење и напади врз медиумски куќи. Во неа се нагласуваат и посебните опасности со кои се соочени новинарите во време на дигитализација и се упатува повик до државите да обезбедат во закони и пракса заштита за изворите новинари.
Ново на Сител
-
Од денеска замрзнати маржи - Има ли промена на цените во маркетите?
-
Законот за бранители на СДСМ ја ниша коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ
-
Муртезани во Брисел го претстави планот со кој ќе ја враќаат довербата во правосудството
-
Поднесена декларација во бугарското Собрание, се бара ЕУ да ги осуди навредите кон бугарските политичари
-
ДЗР: На неврологија лани најголем дел од прегледите биле за итни случаи или со врски
-
Прво проверка, потоа поврат на ДДВ
-
Нов случај на западно нилска треска - Пациент од струмичко хоспитализиран на Инфективна
-
Дрвокрадци пустошат преку 30 000 кубни метра дрва годишно, институциите молчат