Кумановци утре ќе протестираат против загадениот воздух

– Заеднички да излеземе и да протестираме, да побараме одговорност и поактивна реакција од надлежните институции, да побараме да се најде загадувачот, да престане да нè труе, нас и нашите деца. Протестот е граѓански. Здравјето нема цена, заслужуваме чист воздух, се вели во соопштението испратено до медиумите.
Кумановци повеќе од дестина дена чуствуваат силна непријатна миризба на изгорена гума, пластика по 22.30 часот. Тие реагираа дека мирисот е неподнослив и дека не можат да проветрат простории, ниту пак да излегуваат надвор.
Државниот инспекторат за животна средина, како што објави на својата ФБ страна, на 11 јуни изврши и вонреден увид. Тој е извршен по добиена претставка за, како што наведуваат од инспекторатот, за непријатна и раздразлива миризба на изгорена гума која ја пријавил дежурниот оперативен Центар на Царинската Управа на Република Северна Македонија во 02:15 часот на 11 јуни. По пријавата, виш инспектор за животна средина-Канцеларија Скопје во 04:00 часот извршил вонреден увид на граничен премин Табановце при што е констатирано дека во моментот на увидот намален е интензитетот на непријатната миризба, но дека е присутен и поплаки има и од страна на царинските служби на Република Србија.
-Во раните утрински часови реализиран е телефонски разговор на лицата задолжени за меѓународна соработка на српскиот и македонскиот инспекторат за животна средина која е интензивна изминатава недела врз основа на воспоставена децениска меѓусебна соработка и информиран е ДИЖС дека од страна на општинската инспекција за животна средина во Прешево ќе биде извршена повторна вонредна викенд контрола во неколку инсталации кои работат и гравитираат кон пограничната линијата, по што ДИЖС ќе добие официјална информација. Договорено е официјален допис од страна на ДИЖС да биде проследен во понеделник 13.6, а официјално ќе биде запознаено МЖСПП, Министерството за надворешни работи, Царинската Управа, МВР и Општина Куманово, за и тие на ниво на соработка со соодветните институции од Р. Србија бидат во комуникација за брзо решавање на настанатата ситуација. Согласно законските надлежности, ДИЖС на територијата на Република С. Македонија, односно вршење инспекциски надзори во Општина Куманово кај правни субјекти во надлежност, има целосно постапено по истите, посочуваат од инспекторатот.
Претходно и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски објави дека загадувањето доаѓа од соседна Србија од инсталација во Прешево.
Ново на Сител
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче
-
Уапсени три лица за убиство на 84 годишен старец во Кривопаланечко
-
„Магна“ ја отвори втората фабрика во Штип, инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места
-
Преглед на вестите од светот
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром
-
Филипче бара лидерска за носење на надпартиска стратегија
-
Судот го отстрани Палчо од судница, Кешишев не сака да сведочи пред него