Кујтим Усеини: Багерот што вади песок од Охридското Езеро не е сопственост на „Нефи ИК“

Компанијата „Нефи ИК“ никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро, тврди Кујтим Усеини, брат на Нефи Усеини советникот на Општина Охрид и сопственик на нелегалната бетонска база изградена на излезот од Охрид, во близина на езерото.
Според изјавата на Усеини, невистинити се информациите објавени од страна на активисти на „Охрид SOS“, дека багер на компанијата „Нефи ИК“ црпел песок од езерото што, како што нагласува, било утврдено и од страна на полицијата што ги проверувала тврдењата објавени на статусот на „Охрид SOS“.
– Багерот снимен како копа во езерото не е наш. „НефиИК“ ниту некогаш црпела, ниту црпи, ниту некогаш ќе црпи езерска песок за бетонска база. Ние поседуваме сопствен каменолом од каде користиме суровини за производство на високо квалитетн бетон кој го користиме во градежните активности и не користиме материјали кои може да го компромитираат составот и квалитетот на бетонот и градбите кои ги изведуваме, вели Кујтим Усеини.
Компанијата „Нефи ИК“ бара извинување од организацијата „Охрид SOS“ и нејзините активисти за изнесување невистини преку социјалните мрежи, а истовремено апелира до медиумите да не пренесуваат непроверени информации.
Граѓанската иницијатива за заштита на животната средина „Охрид SOS“ вчера на својот фејсбук профил објави снимки на кои се гледа како механизација врши ископ на песок од литоралот на езерото, посочувајќи дека станува збор за механизација на Нефи Усеини, за потребите на неговата нелегално изградена бетонска база.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Реформите во правосудството се сведуваат за пари, а и сега издвојуваме повеќе од просекот на земјите во Европа
-

Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-

Две години од монструозното убиство на Вања Ѓорчевска
-

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг, многумина сè уште се водат како исчезнати
-

ДПИ ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај трговците за „Black Friday“
-

„Почудни нешта“: Сè што треба да знаете за петтата сезона
-

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“
-

Возел со 2,51 промили алкохол и предизвикал сообраќајка, приведен 58 годишен маж
